Валверде: Не беше така лесно со Челси, како што вели крајниот резултат

Барселона е меѓу осумте најдобри екипи во Лигата на шампионите и утре ќе го очекува следниот ривал за четвртфиналето, а тренерот Ернесто Валверде ја анализира играта на својот тим на дуелот со Челси. Тој вели дека тоа беше најтешкиот меч за неговиот тим оваа сезона.

„Не беше воопшто лесно, Челси е одличен тим и навистина добро ни парираше. Имавме среќа брзо да го отвориме резултатот, а потоа постигнавме и втор гол преку Дембеле. Тоа малку ја намали тензијата кај моите фудбалери, но морам да кажам дека Челси имаше свои моменти и шанси да постигне погодок. За наша среќа, не успеаја во тоа. Што се однесува до четвртфиналето, не размислувам за можните противници, ќе го чекаме ждребот да одлучи, а потоа и ќе се подготвиме добро за следниот ривал. Во Лигата на шампионите нема лесни противници“, изјави Ернесто Валверде, стратегот на Барселона.

Се вчитува...