Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Федерико Валверде го коментираше резултатот од натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА со Шериф (1:2).
Валверде призна дека поразот на Реал е единствена крицива на фудбалерите.
„За жал, не го добивме она што го сакавме. Верувавме во себе до последните минути. За жал, постојат некои натпревари во кои правиме нешто погрешно. Вината лежи кај секој од нас. Ако противникот не го постигнеше вториот гол, ќе имавме шанса за да победиме. Шериф, исто така, има свои предности и недостатоци. Првиот гол е нивна заслуга, а вториот е целосно по наша вина. Треба да го промениме тоа. Не можеме да одиме напред без да размислуваме за одбраната“, изјави Валверде по натпреварот.
Шериф е лидер на табелата со 6 бода, а Реал Мадрид е втор со 3 бода од 2 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА