Ван Дајк: О, каква ноќ… Ги остварив моите соништа!

Вирџил Ван Дајк пред само неколку денови потпиша за Ливерпул, а синоќа го постигна победоносниот гол за својата екипа против Евертон во третата рунда од натпреварите во ФА Купот.

„Црвените“ со оваа победа обезбедија пласман во следната фаза од ова натпреварување, а Холанѓанецот покажа дека ќе биде големо засилување за екипата на Јирген Клоп.

„Каква ноќ. Голема и заслужена победа. За мене е неверојатно што сум тука и играм со овие момци. Овој гол е посебен за мене и за моето семејство. Да се игра за Ливерпул е сон на секој фудбалер, па така и мој. Тој сон јас го остварив, а со овој погодок тој стана уште попосебен. Ти благодарам Ливерпул“ – истакна холандскиот фудбалер видно возбуден по синоќешниот дуел на „Енфилд“.

Се вчитува...