Ван Дајк: Ова не е Ливерпул!

Капитенот на клуб Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека оваа сезона е неприфатлива за англискиот клуб, бидејќи тимот го претрпе 18-тиот пораз оваа сезона во сите натпреварувања, објави „Би-Би-Си“.

Фудбалерите на Ливерпул беа поразени во неделата на „Олд трафорд“ од Манчестер јунајтед со 3-2.

„Ова беше многу разочарувачка сезона, неприфатлива сезона и тешка. Не треба да се сожалуваме себеси, мора да работиме и да го свртиме ова и да се погрижиме следната сезона да не се случуваат вакви работи. Ова не е Ливерпул“, рече Ван Дајк.

Ливерпул е на четвртото место на табелата во Премиер лигата со 58 бода и сè уште не обезбеди место во Лигата на шампионите.

Се вчитува...