Утрешниот натпревар против Србија ќе биде специјален за холандскиот капитен Вирџил ван Дајк. Одличниот централен дефанзивец по јубилеен стоти пат ќе го облече дресот на „лалињата“, со што ќе стане само единаесетти фудбалер во историјата на холандскиот национален тим со троцифрен број на настапи за сениорскиот состав.
Асот на Ливерпул досега има 99 настапи за Холандија, а селекторот Чави јасно стави до знаење дека не планира да го одмори, туку Ван Дајк сигурно ќе биде стартер на дуелот во Ајндховен.
„Тоа ќе биде посебен ден за Вирџил, мило ми е за него, но и што имам прилика да работам со овој фудбалер, вистински лидер во секоја смисла на зборот. Да се одиграат сто меча за репрезентацијата е огромно достигнување“, истакна Чави.
Рекордер по бројот на настапи за холандскиот национален тим е Весли Снајдер со 134, пред легендарниот голман Едвин ван дер Сар со 130.
Ван Дајк своето деби за „лалињата“ го имаше на 10 октомври 2015 година против Казахстан, нецели единаесет години подоцна го слави големиот јубилеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
