Ван Дајк треба да ги реши проблемите на Клоп

Јирген Клоп потпиша нов договор со Дејан Ловрен, но тоа не значи дека се откажува од желбата да го доведе Вирџил Ван Дајк од Саутемптон во летниот преоден рок. „Црвените“ се подготвени да понудат 50 милиони фунти за негов ангажман, а со тоа би бил урнат и досегашниот рекорд на клубот.

Ливерпул сепак нема да има лесна работа околу трансферот, бидејќи голема е конкуренција од ривалите Челси, Арсенал, Јунајтед и Сити. Сите се подготвени да ја платат цената која ја бара Саутемптон. Сепак, Клоп е сигурен дека ќе го купи Ван Дајк ако неговиот тим избори пласман во ЛШ.

Холанѓанецот го облече дресот на „светците“ во 2015 година за сума од 13 милиони фунти, а пристигна од редовите на Селтик. Оттогаш, 25-годишниот дефанзивец одигра 55 натпревари за Саутемптон, постигнувајќи четири гола.

Се вчитува...