Ван де Бек ги отфрла шпекулациите околу негов трансфер во Реал Мадрид

Иако се шпекулира дека меѓу Реал Мадрид и младата ѕвезда од Ајакс Дони ван де Бек се е договорено, холандскиот фудбалер ги отфрла шпекулациите. Бек потврди дека не постои договор со „кралскиот клуб“ за негов трансфер во следниот трансфер период.

Неверојатниот Ван де Бек се поврзува со гигантите уште од минатот лето, а најблиску до негов потпис беше Манчестер Јунајтед. Тој сепак одлучи да остане во Ајакс, и се уште да се докажува во неговата родна земја.

„Ништо не е службено и не потпишав никаков договор. Ситуацијата во текот на сезонава не се промени. Тука се два великана, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но и Ајакс е голем клуб. Во овој момент не е потребно да се носат такви одлуки“, изјави Ван де Бек. 

Се вчитува...