Ван Гал ја одбил Борусија Дортмунд: Не можам од мал клуб преку ноќ да направам – голем

Холандскиот стратег Луј ван Гал ја одбил можноста да седне на кормилото на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд. По отказот за Питер Бош, раководството на „милионерите“ стапило во контакт со Ван Гал и му ја понудило тренерската позиција, но тој одбил, со образложение дека едноставно не верува дека може да му помогне на овој клуб.

Ван Гал во минатото беше тренер на Баерн Минхен.

„Мислам дека Борусија Дортмунд во ниту еден сегмент не може да се спореди со Баерн Минхен, така што немам намера да го преземам тој клуб. Во денешно време тренерите немаат многу време за да направат резултат, а јас не можам еден мал клуб преку ноќ да го направам голем“, изјави Ван Гал за холандските медиуми.

Се вчитува...