Селекторот на Холандија, Луј Ван Гал наиде на многу жестоки критики после ремито 2:2 со Црна Гора во квалификациите. Синоќа во Подгорица, Холандија имаше 0:2, а во финишот Црногорците стигнаа со 2:2.
Селекторот ја призна винаа за поразот, и кажа дека замените не биле доволно добри.
„Јас сум виновен. Направив измени, а измените не беа добри, катастрофа. Сакав да сменам да одморам, да избегнам повреди. Вајналдум беше планиран да игра само 60 минути поради болест, Де Јонг почувствува болка во зглобот. Не игравме добро, а имавме се во своите раце. Противникот ништо не направи, а дојде до два гола во последните десет минути“, рече Ван Гал кој објасни дека нема објаснување за случувањата во финишот.
„Не можам да објаснам што се случи во последните 10 минути. Играа со 5-4-1 па и уште подефанзивно. Имавме 2:0 и требаше да играме. А ние тоа го заборавивме. Премногу лесно ги губевме топките, и им отворивме контри“, рече Ван Гал.
Холандија со тоа пропушти да се пласира на Мундијалот, но и натаму е прва, па така ќе игра со Норвешка на домашен терен за првото место. Има два бода повеќе од Турција и Норвешка. Турција, пак, гостува кај Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА