Ван Перси има нова работа

Легендарниот холандски напаѓач Робин ван Перси се врати во својот матичен клуб, Феенорд. Ван Перси во летото 2019 одлучи да му каже „збогум“ на фудбалот, а денеска прифати да се проба во нова улога во неговиот Феенорд. Медиумите во Холандија пренесоа дека Ван Перси на повик на тренерот на Феенорд, Дик Адвокат прифати да се врати во матичниот клуб каде во наредниот период ќе биде задолжен за работа со напаѓачите.

„Нашата замисла е Ван Перси еднаш неделно да работи со напаѓачите во тимот“, изјави тренерот на Феенорд, Дик Адвокат. 

Задача на Ван Перси ќе биде најмногу да работи со младиот словачки фудбалер, Роберт Бозеник кој иако воодушевува со игрите сезона, од тимот очекуваат под менторство на искусниот Холанѓанец да напредува уште повеќе.

Се вчитува...