Ванда Нара го носи Икарди во Јувентус?

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мауро Икарди е на чекор до враќање во Серија А и потпишување договор со Јувентус.

Неговата сопруга и менаџер, Ванда Нара веќе имала неколку состаноци со раководството на „старата дама“, а новиот тренер Масимилијано Алегри сака во своите редови да го има одличниот Аргентинец.

Икарди на „Паркот на принцовите“ стигна во 2019 година за сума од 50 милиони евра од редовите на Интер. Дефинитивно навивачите на актуелниот шампион на Италија нема да бидат задоволни од потегот на аргентинскиот напаѓач.

Се вчитува...