Ванда прави нови проблеми – Икарди заминува од ПСЖ

Францускиот шампион Пари Сен Жермен планира да ја прекине позајмицата на Мауро Икарди од Интер. Аргентинскиот фудбалер по важечкиот договор во престолнината на Франција треба да остане до крајот на сезоната, но можно е тоа да не се оствари.

Имено причина е неговата сопруга и менаџер Ванда Нара која Мауро и трите сина ги одведе во Италија, која е жариште на коронавирусот во светот, што предизвика бес и кај нејзиниот поранешен сопруг Макси Лопез.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, овој потег воопште не им се допаѓал на раководните лица во ПСЖ, а дури и да ја одработи позајмицата до крај (30. јуни), во Париз не планираат да го откупат неговиот договор кој вреди 70 милиони евра.

Актуелниот договор на Мауро Икарди со Интер е во траење до 2022 година.

Се вчитува...