Ване три години во дресот на Барселона

Барселона обезбеди уште едно квалитетно засилување за наредната сезона откако каталонскиот гигант договори тригодишна соработка со шведскиот ракометен репрезентативец Хампус Ване.

Одличниот Швеѓанец ќе пристигне од редовите на Фленсбург, и тоа како слободен играч, по истекот на договорот со германскиот клуб на 30 јуни 2022 година. Договорот меѓу Ване и Барселона е веќе потпишан и истиот е со важност до 30 јуни 2025 година, со што каталонците ќе добијат врвно засилување за крилната позиција.

Ване е вториот осигуран трансфер на Барса за наредната натпреварувачка сезона,откако беше потпишан договор и со голманот на Нант, Данецот Емил Нилсен.

Се вчитува...