ВАР е главен во ЛШ: Порто по продолженија ја елиминира Рома

Порто се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако по продолженија ја елиминира Рома победувајќи со 3-1. Решавачкиот погодок го постигна Алекс Телјес од пенал во 117.минута од натпреварот по одлука на Џунејт Чакир потпомогната со ВАР-технологијата. Во последните мигови, имаше уште една сомнителна ситуација за пенал за Рома по падот на Патрик Шик, но Чакир не се осмели уште еднаш да покаже на белата точка.

Порто во регуларниот тек ја елиминира предноста (2-1) на Рома од првиот меч во Италија. Тикињо Соареш во 26.минута донесе водство за португалскиот тим, а Даниеле де Роси од пенал израмни во 37.минута. Муса Марега во 52.минута постигна втор гол за Порто, по што мораше да се играат продолженија.

 

Се вчитува...