ВАР му поништи гол на Пандев, Џенова сепак славеше со Специја (ВИДЕО)

Џенова стигна до победа на домашен терен од 2-0 против Специја во 33. коло во италијанската Серија А. Капитенот на македонската фудбалска репрезентација повторно беше во стартниот тим на тимот од Џенова, а во 28. минута повторно постигна гол, но овој пат по прегледувањето со ВАР тој беше поништен. 

Пандев го напушти теренот 56. минута, а на негово место влезе Скамача кој само седум минути подоцна донесе водство од 1-0 за домаќините. Конечните 2-0 ги постави Шомуродов во 86. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...