ВАР му пресуди: Дончиќ исклучен за удирање на противнички кошаркар (видео)

Лука Дончиќ за момент ги загуби нервите на дуелот против Кливленд, па беше исклучен поради удирање без топка на противнички кошаркар.

Дуелот на Словенецот со Колин Секстон не беше забележан во прв момент од арбитрите, но со прегледувањето на видео-снимката беше утврдено дека Дончиќ го удрил противникот, па асот на Далас беше исклучен за „фаул од втор степен – за агресивен удар на незгодно место“.

Далас и по исклучувањето на Дончиќ успеа да ја задржи предноста и да триумфира со 124-97.

Се вчитува...