ВАР направи хаос во Холандија: Феенорд прерано славеше, па прими гол од пенал

Новиот систем за судење ВАР предизвика хаос на мечот од Суперкупот на Холандија меѓу Феенорд и Витесе, откако резултатот за неполна минута од 2-0 беше преиначен во 1-1.

Феенорд имаше водство кога противникот се најде во опасна ситуација, гостите бараа пенал, судијата кој имаше одлична прегледност на ситуацијата покажа играта да продолжи, а само дваесетина секунди подоцна Феенорд постигна и втор гол.

Сепак, тогаш на сцена стапија судиите од ВАР, кои решија повторно да ја прегледаат снимката, преиначувајќи ја одлуката на главниот арбитар и досудувајќи пенал за Витесе што го реализираше Бутнер.

Feynord-VAR by goloviliga

Фудбалерите на Феенорд беа изненадени од развојот на настаните, но сепак на крајот го кренаа пехарот од Суперкупот на Холандија, дури по подобро изведување на пенали.

Се вчитува...