„ВАР се укинува – честито титулата на Реал Мадрид“

Фудбалската сезона во Ла Лига би требало да продолжи на 20 јуни, се уште не е добиено зелено светло од шпанските власти, но веќе се почна со препукување и контроверзи.

ФИФА им овозможи на сите земји самите да одлучат дали ќе користат ВАР технологија до крајот на оваа сезона, а Шпанците наводно решиле дека тоа нема да им биде неопходно, за да го минимизираат ризикот од коронавирусот. Ваквата одлука на челниците на Ла Лига покрена лавина од реакции, а најбројни се оние кои сметаат дека Реал Мадрид сега е апсолутен фаворит за титулата откако се отфрла можноста судиските одлуки да се разгледуваат и менуваат со помош на ВАР.

„Честито титулата на Реал Мадрид“, напиша влијателниот фудбалски аналитичар Кристобал Сорија, дел од емисијата „Ел Чингирито“.

Барселона на десет кола до крајот на сезоната е лидер на табелата со 58 бода, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

Се вчитува...