ВАР-системот на тест мечевите на Македонија против Финска и Азербејџан

Системот за видеопомош на судиите (т.н. ВАР-систем) ќе биде во функција на натпреварите на А репрезентацијата на Македонија против Финска и Азербејџан кои ги играме во Белек, Турција, на 23. март односно 27. март.

За првпат македонската селекција ќе игра под контрола на ВАР системот откако Турската фудбалска Федерација воведувајќи ја оваа технологија за натпреварите кои ги организираат во националното првенство, се одлучи да го тестира и на пријателските натпревари на репрезентацијата на Македонија.

Па, меѓу првите тест дуели на кои ќе го користи системот на видео асистенти ќе бидат на македонската репрезентација, на 23. март на „Глорија“ арена против Финска и четири дена подоцна на „Мардан“ арена против Азербејџан.

Инаку, денеска продолжија тренинг активностите на репрезентативците пред двата контролни дуели. Селекторот Игор Ангеловски ги има на располагање сите повикани фудбалери, без никакви дополнителни поединечни здравствени проблеми.

Се вчитува...