ВАР-циркус во Мадрид: Од пенал за ПСЖ и црвен картон за Куртоа – до фаул за Реал

Реал Мадрид има предност од 1-0 по првото полувреме од дуелот со ПСЖ, но фудбалерите на францускиот првак имаат право да бидат бесни по расплетот во 45. минута.

Имено, Геје одзеде топка на средината од теренот, а откако Икарди беше фаулиран од Куртоа, главниот судија досуди пенал за гостите, воедно и го исклучи голманот на Реал Мадрид. Сепак, тогаш на сцена стапи ВАР-системот, кој по прегледување на снимките за мал контакт процени дека Геје направил фаул, досудувајќи слободен удар за Реал на околу 50 метри од голот на Реал.

„Светците“ беа бесни, но ВАР секогаш го има последниот збор, па играта продолжи со прекршок во корист на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...