Вардар би можел да слави есенска титула во Кратово

Вардар уште денеска, на две кола до крајот на првиот дел од сезоната 2019/2020, би можел да слави есенска титула. Доколку црвено-црните во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига слават на гостувањето против Силекс во Кратово, а Академија Пандев ремизира или загуби на гостински терен од Шкупи тогаш „вардарци“ и дефинитивно ќе ја завршат есентта на челната позиција на табелата.

Сето тоа е силен мотив за составот на Александар Васоски, кој поради суспензијата од трибините ќе мора да го следи денешниот натпревар.

Но, и Силекс посакува победа како би ја продолжил битката за задржување место меѓу водечката четворка во шампионатот.

Академија Пандев, пак, по претходното реми на домашен терен со Струга ТЛ сега неизбежно ќе атакува на позитивен резултат во Чаир против Шкупи, кој е „осоколен“ по претходното реми со Вардар на „Тодор Проески“.

ПРВА ЛИГА – 16. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Скопје: РАБОТНИЧКИ – БОРЕЦ

Се вчитува...