Вардар блед на првиот тест: Пораз од узбекистански Пахтакор (0-2)

Вардар со пораз од узбекистански Пахтакор од 0-2 (0-0) ги стартуваше пријателските натпревари за време на зимските подготовки во Анталија, Турција.

Во крајно блед меч во Анталија, „црвено-црните“ заслужено загубија по головите на противникот во 76. и во 83. минута од средбата. Пахтакор изминатава сезона во Узбекистан ја заврши на третата позиција.

Чедомир Јаневски мечот против Узбекистанците го почна со Гачевски, Тодоровски, Глишиќ, Хамбарџумјан, Попов, Попзлатанов, Глигоров, Исени, Цветаноски, Максимов и Блажевски.

Во продолжението од мечот во игра влезе и младиот голман Филип Илиќ, а потоа во вториот дел и Алексовски, Тошевски, Грнчаров, Новак, Антовски, Охеда, Марковиќ, Стојчевски, Стојков, Барсегјан и Колевски.

За Вардар во вториот дел дебитираше на тест дуелите Аргентинецот Охеда, кој е на проба во редовите на македонскиот шампион.

Се вчитува...