Вардар – Брест Мешков во „ноќен термин“ во битка за финале на СЕХА

СЕХА-лигата денеска го објави и распоредот на натпреварите за претстојниот фајналфор турнир што ќе се одржи на 2 и на 3 април во Брест, Белорусија.

Вардар нема да има нималку лесна задача во полуфиналето против домаќинот Брест Мешков, од кого веќе претрпе два порази сезонава. Овој натпревар затоа и беше избран за „ноќниот термин“ и ќе стартува од 19 часот. Претходно, во 16.30 часот ќе може да се проследи хрватското полуфинале меѓу Загреб и Нексе.

На 3 април ќе се играат завршните натпревари од СЕХА-лигата, мечот за третото место е закажан од 16.30 часот, а големото финале меѓу победниците од двете полуфинални пресметки ќе почне во 19 часот.

Се вчитува...