Вардар по неколку години пауза се врати назад во Лигата на Шампионите, избраниците на Чупиќ не успеаја да стигнат до триумф во Мелсунген, но атмосферата што вардаровите навивачи ја направија во германската арена ја импресионираше европската ракометна јавност.
Токму затоа, „црвено-црните“ попладнево излегоа со кратко соопштение во кое јавно се заблагодарија на фановите за поддршката што ја дадоа на новосезонската европска премиера.
„Ви благодариме од срце. 🔴⚫
До сите наши навивачи кои беа со нас на дуелот со Мелсунген – вашата поддршка се слушаше, се чувствуваше и ни даде сила во секој момент од натпреварот.
Вие сте енергијата на Вардар.
Вие сте нашиот ветер во грб.
Вие сте причината зошто овој клуб секогаш оди до крај. ❤️🖤
Атмосферата што ја направивте уште еднаш покажа што значи да се биде дел од црвено-црното семејство“, им порача Вардар на своите најверни навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
