Македонскиот ракометен шампион Вардар се соочува со сериозна закана од високи парични казни и санкции од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Клубот доби официјална опомена поради недолично однесување на мал дел од публиката за време на неодамнешниот натпревар против францускиот тим Нант.
Раководството на клубот откри дека одредени поединци фрлале забранети предмети директно на теренот. Поради ова, Вардар упати итен апел до своите најверни навивачи и симпатизери во иднина да бодрат достоинствено и спортски.
„Со секоја лоша постапка се урива сликата која заеднички се гради, а клубот трпи и директни финансиски удари. Навивачите се нашата најголема сила и посебен мотив во домашните битки, затоа ги повикуваме сите симпатизери на достоинствено навивање, со максимална почит кон противникот и сите присутни во салата“, стои во соопштението на РК Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
