Иако се уште официјално не е позната комплетната програма и имињата на противниците на Вардар на пријателските дуели во Анталија, веќе е јасно дека „црвено-црните“ во Турција ќе одиграат силни пријателски натпревари.
Веќе е познато дека на 23. јануари „вардарци“ ќе се соочат со Динамо Киев, а денеска српскиот шампион Црвена Звезда официјално информираше дека е договорен пријателски дуел со Вардар на 29. јануари во Анталија.
„Вардарци“ во Анталија е планирано да одиграат тест дуели и со словенечка Мура и сплитски Хајдук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА