Вардар е најдобар кога е најпотребно, тоа го дозна и Е. Пелистер (Фотогалерија)

Вардар го потсети Е. Пелистер дека битолчани не се недопирливи на македонската ракометна сцена, терајќи го актуелниот првак на нова капитулација по оние на стартот од сезонава, во Супер-купот и вво Супер-лигата на Македонија.

„Црвено-црните“ заслужуваат само пофалби за она што го прикажаа, цврста одбрана, извонреден голман, ефикасен напад кога беше најважно. Битолчани дојдоа со скор 7-0 од стартот на плејофот и предност од пет бода во однос на вечниот ривал, но вечерва имаа против себе екипа што и повеќе ги посакуваше бодови, но и што имаше физичка сила со цврста одбрана да ги неутрализира главните оружја во нападот на „пелистерци“.

Вардар е најдобар кога е најпотребно, тоа го дозна и Е. Пелистер… правејќи го многу интересен финишот од оваа натпреварувачка сезона.

Се вчитува...