Вардар фати победнички ритам: Триумф против Ренова во Тетово… (ВИДЕО)

„Вардарци“ сосема заслужено успеаја да им го нанесат првиот пораз на „гипсарите“ во натпревар кој имаше главно сосема израмнет тек.

Ренова во првото полувреме имаше две шанси но не успеа да ги искористи Селмани, а „црвено-црните“ можеа да дојдат до предност но дирекот спречи погодок по шутот на Бразилецот Реис Жуниор.

Во второто полувреме, во 63. минута Брдаровски пропушти убава можност обидувајќи се, но непрецизно, со глава од десеттина метри.

Сепак, тоа што го пропушти Брдаровски, успешно го реализираше 18-годишниот Џемал Ибиши. Само што влезе во игра на местото на Бојан Колевски, Ибиши во првиот контакт со топката по еден соло слалом во 65. минута носи водство за Вардар од 1-0.

Во финишот, во 89 минута Жука се обиде директно од слободен удар од околу 25 метри да донесе израмнување, но неговиот удар заврши за малку непрецизно покрај левиот дирек од голот на Гачевски. Шанса имаше и Кадриу во 91. минута, но неуспешно. За конечна победа на „вардарци“.

ПМФЛ – 4. КОЛО
Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР 0-1
ВЧЕРА
РАБОTНИЧКИ – АК. ПАНДЕВ 1-2
СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-1
БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 1-0
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-4

Се вчитува...