Вардар го чека „пекол“ во Загреб: „Ќе имаме полна сала, планот е да се одбраниме…“

Ракометарите на Вардар денеска од 20:30 часот против ППД Загреб ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Македонскиот шампион е апсолутен фаворит во пресметката со Хрватите, но факт е дека во таборот на ППД Загреб се повеќе од мотивирани за квалитетен меч и изненадување против „црвено-црните“.

Капитенот на ППД Загреб, Златко Хорват смета дека преполната сала ќе биде нивно силно оружје на патот до позитивен резултат во првиот осминафинален меч…

„Се радуваме што гледаме дека салата ќе биде исполнета до последно место. Мислам дека заслужуваме таква поддршка. Ги надминавме можеби и нашите очекувања со пласманот во осминафиналето, па сега нема што да загубиме. Вардар е голем фаворит и за пласман на Ф4 турнирот во Келн, така да ние од овие пресметки може само да добиеме“ – вели Хорват.

Тренерот Бранко Тамше не сака да прогнозира евентуален исход од овој двомеч но вели дека ќе дадат се од себе да победа на денешниот дуел.

„Ќе се обидеме најпрво да се одбраниме. Ако сакаш добар резултат против Вардар мораш да одиграш одбрана на највисоко ниво. Дури 70% од подготовките за овој натпревар ни беа околу одбраната. Не сакам да прогнозирам било каков резултат. На навивачите може само да им ветам дека ќе направиме се да докажеме дека не случајно сме тука. Вардар е добар, но имаме и ние свои квалитети“ – вели Тамше.

Познати се и составите на двата тима за вечерашната осминафинална пресметка во Загреб…

Се вчитува...