Вардар го крена гласот: Доста беше! Време е да ја кажеме вистината!

На својата страница на „Фејсбук“ фудбалскиот клуб Вардар најави прес-конференција за во петок, на која, како што најавуваат, ќе ја каже целокупната вистина за оние кои ветиле дека ќе помогнат, а на крајот му го свртеле грбот на клубот.
Прес-конференцијата ќе биде во прес-салата во СЦ Јане Сандански во 11:55 часот.
„Време е ФК Вардар да го каже својот збор. Доста беше!  Во петок (29.09.2023) закажуваме вонредна прес-конференција, која ќе се одржи во просториите на прес-салата при СЦ Јане Сандански, во населбата Аеродром, а која симболично ќе започне во 5 за 12, односно во 11:55ч. Ги повикуваме сите медиуми и навивачи да дојдат, со цел да бидат запознаени со целокупната вистина. Време е да им го честитаме последното место на табелата, на тие кои ветија дека ќе бидат тука и ќе помогнат, а кои на крајот му го свртеа грбот на клубот на народот!“, стои во соопштението на ФК Вардар.

</div>

Се вчитува...