Вардар го победи Аеродром – Во Неготино по 20 години пауза повторно ќе се игра врвен ракомет

Вардар Неготино оствари одличен успех стигнувајќи до билет за учество во Супер-лигата наредната сезона, по што „вардарци“ по 20 години пауза повторно ќе бидат дел од елинтото ракометно друштво во Македонија.

Во денешниот клучен дуел Вардар Неготино се сретна со Аеродром, успевајќи да слави со 25-22, доволно за визирање на суперлигашкиот билет. Пеовски со седум и Петров со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, додека први стрелци на Аеродром беа Пајкоски и Митровски со по седум погодоци.

Покрај Вардар Неготино, пласман во Супер-лигата веќе обезбедија Алкалоид, ГА и Јуниор Кисела Вода, додека за последниот билет ќе се борат Аеродром и Куманово.

Се вчитува...