Вардар го реши и Охрид, останува во трката за титулата до последното коло

Ракометарите на Вардар славеа на домашен терен над Охрид со 29-22, останувајќи во игра во трката за титулата во пресрет на последното коло од ракометниот плејоф на Македонија. „Црвено-црните“ ја продолжуваат победничката серија во шампионатот, но се уште заостануваат зад Е. Пелистер и на битолчани им е доволен и бод во последното коло на домашен терен со Алкалоид за да ја одбранат шампионската титула.

Денешниот дуел со Охрид мина во апсолутна доминација на избраниците на Недановски, кои го контролираа резултатот и рутински прокнижија нови бодови. Уште на половина од првото полувреме Вардар имаше предност од 10-5 што „црвено-црните“ лесно ја задржаа до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со 15-11. Охриѓани се заканија на почетокот од второто полувреме намалувајќи на 16-15, но потоа следеше серија на Вардар, ново резултатско одлепување и заслужена победа од „плус седум“.

Стефан Петриќ со осум гола беше најдобар поединец во победничкиот тим, пет погодоци постигна Јагуриновски, додека кај охриѓани најефикасни беа Цисар со шест и Орјоникидзе со четири погодоци.

Се вчитува...