Вардар и Барса тргнуваат од четвртфиналето на Супер Глоуб

На првото издание на ракометниот Супер Глоуб  во организација на ИХФ во Саудиска Арабија ќе учествуваат вкупно 10 клуба, а на турнирот ќе има претставници од шест континенти. Македонскиот првак и европски шампион Вардар сосема логично ќе биде директен учесник во четвртфиналниот сегмент. Германскиот Кил кој последен се прклучи на листата учесници ќе мора да мине преку четвртфиналното разигрување, каде ќе игра против Сиднеј. Кил во оваа фаза ќе се соочи со Ал Мудар.

Победниците од квалификациските дуели ќе го комплетираат четвртфиналниот сегмент. Екипите учеснички се борат и за наградите кои подразбираат 400 000 долари за победникот, 250 000 долари за второпалсираниот и 125 000 долари за освојувачоит на третото место. На турнирот учествува и Барселона. Првиот натпревар на Вардар е на 28 август.

По девет години во Доха, Супер глоуб првпат ќе се одржува во Саудиска Арабија која има договор да биде домаќин и во следните две години.

 

Се вчитува...