Вардар и Еурофарм Пелистер не добија дозвола да играат на Ф4 во Русија

Раководството на регионалната СЕХА лига објави дека планираните четвртфинални дуели меѓу екипите од дивизиите „Југ“ и „Исток“ нема да се играат.

Како што вели директорот на СЕХА лигата Борис Запожников, дел од клубовите веќе знаеле за овие одлуки, па затоа Веспрем играше со младинци во двомечот против Партизан, а хрватските Загреб и Нексе се уште не го одиграа својот двомеч.

„Кога започна тековната сезона, сите клубови кои требаше да учествуваат во еден или друг формат беа известени дека се соочуваат со плеј-оф. Пред почетокот на сезоната ја добивме соодветната дозвола од Европската ракометна федерација. Нашата методологија е следна. Прво, бараме од федерациите да дозволат клубовите да учествуваат на нашиот турнир. Националните федерации даваат зелено светло. Во исто време побараа од нас да го координираме ова прашање со ЕХФ – се согласивме. Почнавме да играме, „Дивизија југ“ со клубови од пет земји од југоисточна Европа започна нешто подоцна од нас поради интензивниот календар на европските натпреварувања. Конкретно, унгарскиот „Веспрем“ долго време зборува за ова, но Унгарскиот олимписки комитет јасно стави до знаење дека, во врска со препораките на ИОК, бил принуден да забрани настапи. Не сакаме нашите партнери да добиваат сериозни проблеми, па решивме во „фајнал-форот“ да ги одмерат силите две руски и две белоруски екипи“, изјави директорот на СЕХА Борис Запожников. 

По оваа одлука, потврдено е дека на завршниот турнир во Санкт Петербург од 6. до 8. јуни ќе помине без екипите од дивизијата „Југ“.

Се вчитува...