ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО – 15. КОЛО….
Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС (0-0)
Скопје: ВАРДАР -РАБОТНИЧКИ (0-0)
Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (1-3)
Маневски 18′ – Дембо Дарбое 21′, 28′, 55′
Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-3)
Коцев 41′ – Божиновски 37′, Адем 53′, Петров 73′
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (1-1)
Ристевски 57′(п) – Стоилов 72′
ВЧЕРА
Велес: БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0-2
======================================================================================
- Крај и на натпреварите во Тетово и во Струга кои завршија со поделба на бодовите.
- Крај и на натпреварите во Битола и во Струмица. Фаворитите Шкупи и Македонија ЃП убедливо со 1-3 славеа против Пелистер односно Беласица.
- Крај на дербито во Скопје, Вардар и Работнички ги поделија бодовите.
ВАРДАР -РАБОТНИЧКИ (0-0)
80′ – 100% можност за Вардар. Попзлатанов нафрли од левата страна, а на вториот дирек Филип Петковски со глава од неколку метри, но за малку непрецизен
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-3)
1-3 – 73′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Филип Петров носи веќе убедлива предност за „лавовите“
СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (1-1)
1-1 – 72′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Евро-гол на Ѓорѓи Стоилов кој директно од слободен удар од 25 метри погодува во самиот десен горен агол од голот на домашните
ВАРДАР -РАБОТНИЧКИ (0-0)
72′ – Петар Пековски во обид да нафрли од левата страна за малку ќе го изненадеше вардаровиот голман, но Илиќ во последен момент исфрла во корнер
СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (1-0)
1-0 – 57′ – ГОООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. Ристевски од пенал носи водство за стружани
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (1-3)
1-3 – 55′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Хет-трик на Дембо Дарбое за веќе убедлива предност на чаирчани
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-2)
1-2 – 53′ – ГООООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Ермедин Адем повторно носи водство за Македонија ЃП на гостувањето во Струмица
- Почеток на второто полувреме на натпреварите од 15. коло во ПМФЛ…
- КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ
СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)
40′ – Без многу возбудувања на натпреварот во Струга, со игра главно на средината од теренот
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-1)
1-1 – 41′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Александар Коцев не дозволи долга радост на гостите. Израмнување во Струмица
БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
0-1 – 37′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Капитенот Боби Божиновски ги носи „лавовите“ до водство против Беласица во Струмица
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (1-2)
1-2 – 28′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Дембо Дарбое не дозволи долга радост на Пелистер. За само седум минути нов гол и пресврт во Битола
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (1-1)
1-1 – 21′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Дембо Дарбое брзо носи израмнување за гостите во Битола
ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ (1-0)
1-0 – 18′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Борче Маневски носи водство за битолчани на дуелот против Шкупи
ВАРДАР -РАБОТНИЧКИ (0-0)
16′ – Цветановски испраќа добар шут од 20 метри, но за малку покрај голот на Ристе Јанков
ВАРДАР -РАБОТНИЧКИ (0-0)
10′ – Мирен почеток на дербито, без можност за ниту една од двете екипи
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 15.КОЛО ВО ПМФЛ…
- Познати се составите за дерби пресметката меѓу Вардар и Работнички…
======================================================================================
Во 15. коло од ПМФЛ, дербито се игра во Скопје каде на националната арена „Тодор Проески“ Вардар ќе биде домаќин на Работнички.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА