Вардар и Работнички во нова градска пресметка, „лавовите“ на поправен во Струмица

Градската дерби пресметка меѓу Вардар и Работнички ќе го одбележи 15. коло од Првата македонска фудбалска лига. Нов дуел на лутите градски ривали, овој пат во битка за издвојување од дното на табелата.

Вардар, по претходниот пораз од Силекс во Кратово, сака враќање на победите, но желбата и на составот на Ратко Достаниќ е конечно да се започне подолга позитивна низа во шампионатот.

Македонија ЃП, по претходниот убедлив пораз од Шкендија, на поправен патува во Струмица против фенерџијата Беласица. „Лавовите“ сигурно размислуваат само на триумф, но и Беласица на претходните неколку натпревари покажа дека не планира така лесно предавање, без разлика кој е противникот од спротивната страна.

Ренова на домашен терен го пречекува Силекс. Ќатип Османи, по двете победи откако дојде на клупата на „гипсарите“, сега посакува три бода и против кратовци.

ПМФЛ – 15. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ

Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА

БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА 0-2

Се вчитува...