Вардар и Шкендија на „поправен“ во Велес и во Кратово

Актуелниот првак Шкендија и вицешампионот Вардар со порази ја стартуваа новата сезона во Првата лига. Шкендија загуби во Струмица од Академија Пандев, а Вардар на домашен терен беше поразен од Македонија ЃП. Денешните гостувања во Велес и во Кратово се можност да се покаже класата и да се потврди квалитетот кој и оваа сезона ги вбројува како главни претенденти за шампионскиот пехар.

Тимот на Ќатип Османи му гостува на Силекс, со надеж дека ќе ја прекине лошата серија која почна уште со настапите на европска сцена. Најголем проблем за Шкендија е слабата реализација на шансите.

„Ќе мора да бидеме многу подобри и да се вратиме на шампионските патеки“, порачуваат од Шкендија.

Вардар оди на гости во фудбалски разбудениот Велес. По долго време велешани пак ќе бидат сведоци на прволигашки фудбал, а нема поубава премиееа за домашните симпатизери од гостувањето на најтрофејниот македонски клуб.

Македонија ЃП и Академија Пандев имаа успешен старт на сезоната и во меѓусебна пресметка ќе се обидат да задржат максимален ефект. Ренова во Тетово ќе го пречека составот на Струга Трим Лум.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – ВТОРО КОЛО (17 ч.)

БОРЕЦ – ВАРДАР

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

МАКЕДОНИЈА ЃП – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

РЕНОВА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ

ВЧЕРА: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 2-0

 

Се вчитува...