Вардар игра многу „посно“, загуби и од Тосно

Македонскиот првак Вардар го загуби и третиот натпревар во низа на летните тестови во Австрија. Денеска „црвено-црните“ беа поразени од новиот руски прволигаш Тосно со 1-0, и веќе трет меч последователно немаат постигнато гол.

Овие дуели со силни противници покажуваат дека Вардар сепак не е доволно квалитетен, или пак во моментов е недоволно подготвен, за да биде конкурентен на меѓународна сцена, а дуелите со Малме во квалификациите на ЛШ се се поблиску.

vardar so tosno 4

Тосно поведе во 16.минута со погодокот на Георгиј Мелкадзе, кој во соло продор надмудри неколку фудбалери на Вардар од одбраната и со удар од 14 метри го совлада Филип Гачевски.

Вардарци се обидоа со путеви од далечина на Којашевиќ и на Боарето, но без посебен ефект.

Во второто полувреме, македонскиот првак имаше поголема иницијатива, но повторно без стопроцентни шанси пред голот на противникот.

Тренерот Гоце Седлоски на овој меч стартуваше со следниот тим: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири, Спировски, Глигоров, Барсегјан, Којашевиќ, Фелипе, Боарето.

Се вчитува...