Вардар избегна двегодишна суспензија од УЕФА

Европската фудбалска организација (УЕФА) соопшти дека Вардар ја избегнал двегодишната суспензија од европските купови, која како условна им беше поставена во декември минатата година поради неисплатени долгови. Од УЕФА потврдија дека раководството на „црвено-црните“ ги подмирило долговите кои клубот ги имал до 30 септември 2018 година.

„Вардар до контролното тело достави докази со кои го задоволи судскиот совет и фактот дека условите кои беа поставени за избегнување суспензија, се исполнети”, соопшти УЕФА.

Сепак, најтрофејниот македонски клуб оваа сезона не доби лиценца за настап во квалификациите за Лигата на Европа, поради нови финансиски проблеми.

Се вчитува...