Најтрофејниот македонски клуб Вардар славеше против турскиот тим Касимпаша со 1-0 во последниот натпревар од летните подготовки во Словенија. Тоа е втор триумф за „црвено-црните“, не сметајќи ги двата теста кои не го дочекаа крајот поради лошите временски услови.
Стрелец на погодокот за Вардар беше младиот Ибиши во 55. минута од натпреварот.
Утре експедицијата на Вардар се враќа во Скопје каде ќе продолжи да се подготвува до почетокот на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА