Вардар казнет со 8.000 евра за случувањата на реваншот против Пик Сегед

Ракометниот клуб Вардар е казнет со 8.000 евра поради инцидентот што се случи во реванш дуелот против Пик Сегед од четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони. Како што стои во одлуката на дисциплинската комисија Вардар ја заработил казната поради тоа што за „црвено-црните“ тоа е втор сличен инцидент сезонава, по оној на гостувањето кај Киелце во групната фаза.

За истиот инцидент Пик Сегед ќе добие казна од 16.000 евра која е двојно поголема од онаа на македонскиот шампион.

За потсетување инцидентот се случи во финишот на мечот кога пикерот на „црвено-црните“ го фаулираше Дејан Бомбач, а од клупата на Пик Сегед влегоа во теренот како би се пресметале со Бразилецот. На теренот настана општ хаос, во кој учествуваа и тренерите на двата тима, а кавгата продолжи и на прес-конференцијата.

Се вчитува...