Вардар ќе ја пречека Беса на „Автокоманда“

Вардар и натаму продолжува да има проблеми со домашниот терен во натпреварите од Втората лига. Откако сезоната ја почна на стадионот „Борис Трајковски“, па играше на ФФМ, па еден натпревар на Националната Арена, сега и четврт терен ќе биде домаќин на „црвено-црните“ сезонава.

„Црвено-црните“ ќе ја пречекаат екипата на Беса во натпревар од 24. коло во Втората лига на стадионот „Автокоманда“. Натпреварот ќе се игра во сабота во 16 часот.

Скопје, кој е домаќин на истиот терен, во ова коло ќе игра на гости кај Работнички, па теренот ќе биде слободен, и Вардар доби дозвола да го користи за престојниот натпревар.

Се вчитува...