Вардар ќе презими со „плус 8“ во однос на Шкендија, супер-пресврт на Ренова

Лидерот Вардар ќе презими со осум бода предност во однос на актуелниот првак Шкендија откако денешната мега-пресметка на арената „Тодор Проески“ заврши 2-2. Интересен дуел, многу борба, шанси, голови и шоу на „Комитите“ на трибините.

Вардар поведе од пенал во 20.минута. Дарко Мицевски беше успешен реализатор на најстрогата казна за лидерот на табелата. Омар Имери успеа да израмни во 36.минута, со одличен шут во горниот десен агол по проигрувањето од Арменд Алими. Вардарци и вторпат дојдоа до предност во 54.минута со погодокот на Али Адем, но Омар Имери со вториот гол во 63.минута израмни на 2-2.

Македонија ЃП славеше на гости на Чаир против Шкупи со 2-3. Пауло Едуардо Карваљо постигна хет – трик за „лавовите“. Првиот гол за Шкупи беше дело на Фатјон Јусуфи во 49.минута, а вториот го постигна Марин Јурина во 90.минута. Но, бодовите патуваат за Ѓорче Петров.

Ренова со супер-пресврт стигна до триумф од 4-3 против Работнички. „Романтичарите“ имаа водство од 1-3, но „гипсарите“ имаа супер-финиш. Иван Марковиќ донесе предност за гостите во 24.минута, а три минути подоцна израмни Арџент Гафури од пенал, по играта со рака на Шаркоски.

Петар Петковски со два гола, во 37. и во 48.минута зголеми на 1-3, но потоа дојде големиот пресврт на Ренова. Илирид Адеми во 60.минута намали на 2-3, а две минути подоцна Бојан Миовски го израмни резултатот. Победничкиот погодок на „гипсарите“ беше дело на Ремзифаик Селмани во 77.минута од натпреварот.

Струга Трим Лум и Борец ремизираа 1-1. Роберт Коцев донесе предност за велешкиот тим во 46.минута, а израмни Арбен Тафе во 60.минута.

Вчера, Силекс го совлада тимот на Академија Пандев со 3-1.

ПРВА ЛИГА, 18.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 2-2

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-3

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ 4-3

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БОРЕЦ 1-1

ВЧЕРА: СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1

Табела: Вардар 36, Шкендија 28, Академија Пандев 27, Силекс 27, Македонија ЃП 26, Струга ТЛ 24, Шкупи 22, Борец 20, Ренова 19, Работнички 16.

Се вчитува...