Вардар – Копенхаген со директен ТВ пренос од „Телеком арена“

Веќе неколку дена наназад се бара билет повеќе за дуелот меѓу Вардар и Копенхаген од третата квалификациска рунда за Лигата на шампионите. Сепак, и оние кои нема да можат да се најдат на трибините на „Телеком арена“ не треба да очајуваат, бидејќи ќе може да се проследи директен ТВ пренос од овој значаен натпревар за „црвено-црните“.

„ТВ Нова“ е телевизијата која повторно постигна договор со управата на „вардарци“ за директно да го пренесува овој меч, откако претходно истата телевизија вршеше и директен пренос од Струмица, од историската победа над Малме при пласманот во оваа фаза од натпреварувањето.

Оваа телевизија останува единствената што со директни преноси ги следи македонските клубови во европските натпреварувања, откако претходно вршеше пренос и од дуелот Работнички – Динамо Минск од квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...