Вардар лесно го „запраши“ Татран Прешов

Европскиот првак и актуелен шампион во СЕХА, составот на Вардар, ја забележа првата гостинска победа во регионалното натпреварување сезонава. „Црвено-црните“ славеа убедливо на теренот на Татран Прешов со . На полувремето вардарци имаа предност од два гола (8-10), но потоа значително засилија и се одлепија во првиот дел од второто полувреме.

Во 53.минута веќе имаа убедливи десет гола предност (17-27), па тренерот Давид Писонеро им даде шанса и на ракометарите кои најчесто седат на клупата.

Тимур Дибиров со пет гола беше најефикасен во редовите на Вардар, гол помалку запишаа Горбок и Шишкарев. Артурс Кугис забележа 14 одбрани на голот на вардарци. Во тимот на Татран Прешов, а и најефикасен на мечот, беше Оливер Рабек со шест погодоци.

Се вчитува...