Вардар лесно против Монпелје, но по триумфот и на Веспрем на крајот трет во групата

Ракометарите на Вардар очекувано славеа со 33-27 против француски Монпелје во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите, но поради гостинската победа на Веспрем против Кјелце на крајот завршија на третата позиција во групата.

Па, согласно распоредот во осминафиналето од ЛШ „вардарци“ ги очекува дуел со Загреб или со Мотор Запорожје.

На денешниот натпревар во „Јане Сандански“ вардаровите ракометари од самиот почеток наметнаа силен ритам па сосема беше јасно дека нема да ја доведат во ниту еден момент под знак прашање победата. Полувремето заврши со три гола предност (16-13) а во вториот дел доминацијата дополнително засилена значеше и конечен триумф од шест гола разлика (33-27).

Најефикасен во редовите на македонскиот шампион беше Кристопанс со седум гола, Карачиќ постигна шест, а Чупиќ петпогодоци. Милосављев натпреварот го заврши со 14 одбрани.

На натпреварот во Полска, унгарски Веспрем славеше во вистинска драма со пресврт против Кјелце на крајот со 35-36, со гол во последните секунди. Сето тоа значи второ место за Веспрем во групата и пресметка против Спортинг во осминафиналето, па полесен пат до евентуалниот Ф4 турнир во Келн.

Се вчитува...