Она што некогаш беше празник на фудбалот во главниот град, во моментов е претворено во обична обврска која што според правилата и прописите мора да биде завршена. Денеска на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевки во Скопје од 13 часот, екипата на Шкупи ќе го пречека Вардар како домаќин.
Шкупи е веќе второлигаш, а неможноста да ги доигра прволигашките мечеви на својот стадион во Чаир го тера клубот секој викенд да бара решение за овој проблем. Вардар е голем фаворит, лидерот на табелата мора да победи во овој меч како и повеќето од ривалите на Шкупи сезоната.
Битката за титулата допрва ќе се интензивира и ќе има уште неизвесни дуели. Вардар ќе се обиде денеска да впише нови три нови бода, за да и по ова коло има статус кво во однос на второпласираната Шкендија, односно еден бод предност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

