Вардар на силен турнир во Германија

Македонскиот првак Вардар го потврди своето учество на турнирот „Хумел куп“ што на 21 и на 22 август ќе се одржи во германскиот град Магдебург. „Црвено-црните“ од претходно покажаа интерес да бидат дел од овој турнир, а по официјализирањето на датумите и дефинитивно прифатија да учествуваат на „Хумал Куп 2021“, на кој дел ќе бидат и екипите на Магдебург (Германија), Горење (Словенија) и на Хослтебро (Данска).

Според распоредот, на 21 август ќе се играат полуфиналните натпревари, а следниот ден, на 22 август ќе се играат мечевите за пласман. Дополнително ќе биде решено кои ќе бидат полуфиналните двојки.

Вардар 1961 во текот на подготовките планирано е да настапи на два турнири, овој во Германија и плус на турнирот во Струга. Останува можноста да се договорат и други контролни средби со екипи со кои ќе тестираме пред четвртфиналните дуели од СЕХА лигата.

„Црвено-црните” ги почнуваат подготовките за новата сезона на 15 јули во Скопје. Тука ќе се остане неколку денови по што се заминува на подготовки на Златибор, од 19 до 29 јули.

Се вчитува...