Ракометниот клуб Вардар 1961 започна нов емотивен проект насловен „Љубовта наша голема“, серијал посветен на навивачите кои веќе 65 години се нераскинлив дел од историјата и успесите на „црвено-црните“.
Во пресрет на почетокот на новата сезона, клубот преку кратки видео-приказни ќе им даде глас на своите долгогодишни поддржувачи. Тие ќе ги споделат своите најдраги моменти, незаборавни спомени и искрени емоции поврзани со скопскиот гигант.
Прв гостин во премиерната епизода е Александар Узуновски – Узун, кој во јавноста е препознатлив по својата децениска, безрезервна и верна поддршка на трибините за Вардар. Од клубот најавуваат дека овој серијал е уште еден доказ за нераскинливата врска меѓу играчите и нивниот „осми играч“ – публиката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
