Вардар немоќен пред Македонија ЃП: „Лавовски“ триумф за старт на сезоната (ФОТО)

Вардар со пораз ја стартуваше новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Избраниците на Александар Васоски на мечот кој се играше на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, загубија со 0-2 (0-1) од Македонија ЃП. „Лавовите“, на тој начин, дојдоа до првенствена победа против Вардар по повеќе од седум години, ако се исклучи минатогодишниот триумф во Купот на Македонија.

„Црвено-црните“ имаа повеќе шанси за водство од противникот во првото полувреме, но откако не реализираа во 11. и во 18. минута, следеше казната во 21. минута. Бенјамин Демир одлично нафрли од левата страна а капитенот на „лавовите“, Боби Божиновски со глава погоди за водство од 0-1.

Тој погодок се покажа и повеќе од доволен за триумф на Македонија ЃП. И покрај тоа што Вардар во 40. минута можеше да дојде до израмнување, но Аврамовски го погоди дирекот од голот на гостите.

Во второто полувреме, Македонија ЃП мудро ја чуваше предноста не дозволувајќи преголема разиграност на „вардарци“ кои и покрај иницијативата не успеаја да дојдат барем до бод. Вардар во вторите 45 минути немаше и посериозно можности за погодок.

За да на крајот Емини во 89. минута по одличната асистенција од Демир убаво реагираше со глава пред голот на Гачевски постигнувајќи погодок за конечни 0-2.

ПМФЛ – 1. КОЛО
Скопје: ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2

ВЧЕРА
АК. ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 1-0
ШКУПИ – БОРЕЦ 2-0
РЕНОВА – СИЛЕКС 1-0
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ 2-1

Се вчитува...